Мала но исклучително професионална и операбилна армија на која треба да се гордее целата држава. АРМ со секој следен ден е чекор поблиску до Алијансата која е единствениот пат за стабилност и сигурност во регионот.
Министрите за одбрана и началниците на генералштабот на заедничка средба заклучија дека треба да се продолжи во исто темпо, кое досега резултираше со домашна но и меѓународна поддршка.
Вратите на НАТО за Македонија сеуште се затворени, но министерот Јолески уверува дека сите реформи и чекори кои се преземаат водат кон клучот за отворање на портите на Алијансата.