
Во О.У. „Мехмет Дерала“ село Градец, општина Врапчиште, денеска почна изградбата на нова спортска сала, која ќе биде опремена со најсовремена опрема.
Како што соопшти МОН, на поставувањето камен-темелник присуствуваше министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми, кој истакна дека проектот, чија вредност изнесува 34 милиони денари, ќе се реализира во рок од шест месеци.