Куќа изградена уште во турско, со тапија од 1831 година, и со зачувана автентичност на ентериерот: чардак, касели, долапи, дрвени тавани, мангали, килими, ѓумови, машина за шиење постара од 150 години, е домот на прилепското семејство Андоноски, кое посветено и гордо чува се што стекнувале претходните генерации. Овој своевиден приватен музеј бил дело на Зора Спироска која во далечната 1922 година, под името “Книжара Спировиќ” ја отворила првата книжарница во Прилеп.