Со реконструкција на улицата „Прашка“ денеска започна реализацијата на проектот за рехабилитација на улици и атмосферска канализација на територијата на општина Карпош.
За реализација на проектот ќе бидат потрошени околу 35 милиони денари, средства обезбедени од Светска банка преку Министерството за финансии.