Вршел премери, издавал решенија за градба, рушел дивоградби. со месеци хаусмајсторот во општина центар лажно се претставувал како главен инспектор. Документите кои ги објави Сител покажуваат дека Кочо Стојчевски на местото раководител на инспекциските служби е поставен од градоначалникот Жерновски на 30 декември минатата година. Но во службената комуникација со останатите државни институции, Стојчевски се потпишува како инспектор месеци претходно.