MENI

Почина легендарниот хрватски пејач Арсен Дедиќ

Легендарниот хрватски пејач Арсен Дедиќ почина денеска во Загреб на 78-годишна возраст.

На 30 јули Дедиќ беше примен поради сепса на интензивна нега на Клиника во Загреб по компликации од вградување ендопротеза на колкот.

Во изминатите два дена состојбата му се влошила нагло, му откажале и бубрезите и вечерва ја загуби битката со болеста, јавуваат хрватски медиуми.  

Pages