Мамо мамо брат ми падна. Ова биле првите зборови што ги слушнала 41-годишната Шенѓул Куртишова, мајка на исчезнатотот детенце, од својата ќерка. Седумгодишната Леонтина, сестра на детенцето кое вчера околу 18.00 часот исчезна од брегот на реката Треска, била последната која си играла со своето братче во близина на Чичино Село.