Со две деца, без покрив над глава во потрага по подобро утре. Седум години Лимонка Николова се обидувала да им обезбеди живеалиште на своите деца. Како самохрана мајка но и социјален случај не ретко била отфрлана задарди својот социјален статус. Пробувала да најде подобар дом, лутајќи од едно место до друго, со скромните приходи добивала само основни услови за егзистенција. Но животот и се менува во оној момент кога од државата успева да добие сопствен дом. Со изградбата на социјаните станови, конечно киријата за неа станува минато.