Речиси комплетно се стабилизира состојбата во тетовско по невремето, а најголемата потреба на луѓето, водата е исправна во речиси сите места и резервоари. Министерството за здравство соопшти дека водата е безбедна за пиење но задолжително да продолжат мерките за одржување како и континуирана дезинфекција и хлорирање.
Тетовската градоначалничка и министерот за животна средина соопштија дека расчитувањето и дезинфекцијата како прва фаза во справување со невремето се завршуваат.