Осум плажи во Охрид и девет во Струга долж езерото не се безбедни за капење спорт и рекреација ,и покрај тоа што секојдневно работат дел од концесионерите сеуште немаат ангажирано спасители на вода. За безбедни капалишта спасителите се стручно обучени и имаат голема улога во ризични ситуации нивната интервенција е од непроценлива важност .
Црвениот крст Охрид на плажата Горица има импровизиран спасувачки пункт, но координацијата на екипите за спасување на вода се врши од седиштето на организацијата во градот.