
Хрватот Томислав Салопек бил киднапиран и погубен од групата Џамат ал Суна, терористичка организација поврзана со Исламската Држава, пишува српски Курир.
Овие и неколку досега необјавени информации во јавноста, на својот портал ги објавила саудиската сателитска телевизија Ал Арабија, чии новинари разговарале со високи претставници на египетската војска и министерството за внатрешни работи.