Владината поддршка за инфраструктурни проекти во населените места им помага на општините и ги решава проблемите на граѓаните, велат градоначалниците.
Програмата на владата за рурален развој обезбедува пари за општините, кои се насочуваат во проекти за подобрување на животот во руралните средини.
Досега преку неа се реализирани 166 проекти во висина од 12.3 милиони евра.
Дополнително обезбедени се нови 39 милиони евра за 221 проект кој се или во фаза на реализација или ќе се започнат оваа и следната година.