Првиот приватен Центар за ран детски развој во Куманово денеска го доби решението за отпочнување со работа.
Од вкупно 15, ова е трет приватен центар во државава кој е наменет за децата од предучилишна возраст , а за дел од вработените ќе бидат искористени поволностите на владините мерки за вработување, изјави министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.