Регионалниот училишен центар за специјално средно образование и воспитание „Искра“ од Штип, деновиве ќе започене со реконструкција и доградба на првиот кат од училишната зграда. Со доградбата ќе се добијат 3 нови училници и една наставничка просторија, со што ќе се анулира дефицитот од училнички и работилнички простор со кој училиштето се соочуваше со години наназад.