MENI

Најуспешната година на Охридско лето во завршна фаза

Фестивалот „Охридско Лето“ е на самата завршница на ова јубилејно 55то издание кое според изјавите на стручната критика, но и на многубројната  домашна и странска фестивалска публика, е врвно и најуспешно до сега.

Синоќа во исполнетата црква Св. Софија, незаборавно музичко доживување приреди познатиот светски кларинетист Мишел Летјек од Франција кој во моментов се смета за една од најеминентните фигури на светската музичка сцена, заедно со гудачкиот квартет Жирард.  

Pages