
Третата спасувачка програма за Грција може да биде помала од 86 милијарди евра, изјави портпаролката на Европската комисија Аника Брајдхарт.
- Сумата ќе биде значително помала ако се добро се одвива. На пример ако Меѓународниот монетарен фонд и додели пари на Грција од сопствена програма, тогаш таа сума ќе биде одбиена, посочи Брајдхарт.