MENI

Времето денес сончево со температури до 35 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во доцните попладневни и вечерни часови се очекува зголемување на облачноста особено во северните делови каде ќе има услови за краткотраен дожд со ретки грмежи.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 25 до 35 степени.

Pages