
Чешкиот математичар и аналитичар Јакуб Мариан направи интересна карта на Европа, која го прикажува просечниот коефициент на интелигенција на европските земји. Тој користел податоци од 2007 година, објавени во научниот труд „Г факторот на меѓународна споредба на когнитивни способности“ од Хајнер Риндерман, кој користел податоци од тестовите за интелигенција спроведени во земјите во Европа.