Златно Славејче оваа година го слави јубилејното 45то издание Традиционално од 10 до 20 август во детското одморалиште во Охрид децата ги привршуваат подготовките за фестивалот кој за прв пат ќе се одржи во спортската сала Борис Трајковски. Претседателот Иванов кој е покровител на фестивалот денеска повторно беше меѓу славејчињата за да види до каде се подготовките за настапот во ноември ,дружејќи се со децата.
Оваа година 110 деца поделени во три групи на големата сцена ќе ги претстават 17те нови композиции а ќе има и постари славејчиња кои продефилирале на овој фестивал.