Центарите за јавно здравје во земјава, во соработка и со финансиски средства од Министерството за здравство ќе ја поддржат акцијата за спречување на појава и ширење на вектор преносливи болести. Во најголемата житници во земјава - Пелагонија, каде зимоска под вода се најдоа околу 15.000 хектари, со вонредната авиодезинсекција ќе бидат третирани 700 хектари во општините Битола, Новаци и Могила.