MENI

Се остварува владиното ветување за намалување на казните за фирмите

Се остварува владиното ветување за намалување на казните за фирмите. По усогласувањето на 28 закони, на минатата седница владата усвоила измени на уште 78 закони или вкупно усогласила 106 закони за да се спроведе најавеното релаксирање на казнената политика во стопанството. Законите се пратени во собранието.

Новата политика во оваа сфера има цел да опомене, наместо економски да ги оптвари компаниите, па така казните драстично се намалуваат, особено за малите и средни претпријатија.

Pages