Премиерот Груевски на терен меѓу жителите на дебарско-реканскиот крај лично ги слушна потребите и проблемите на граѓаните во Жировница и Ростуше, но ги информираше и за проектите кои се реализираат и кои значително ќе им го олеснат животот. Граѓаните задоволни од вниманието кое континуирано го добиваат од Владата, истакнаа дека Груевски е единствен премиер кој досега ги посетил и кој вложил многу во нивната иднина.