Во септември три фабрики почнуваат со работа, а за две ќе бидат удрени камен темелници. Вкупно, во овие пет капацитети предвидени се 2750 работни места, информираше премиерот Груевски.
Во текот на следниот месец ќе се отвори фабриката Текникал Текстајл која во финалната фаза треба да вработува 1000 луѓе.
На почетокот на септември ќе биде пуштена во употреба и фабриката Диатек во Скопје, странска инвестицијата која ќе обезбеди 200 вработувања.
На крајот на септември, пак, официјално почнува со работа австриската компанија Протекс со 250 вработувања во Виница.