
Сообраќајниот полицаец од станицата Југ во Белград Богдан С. (26) извршил самоубиство.
Неговото тело е пронајдено утрово. До телото на полицаецот бил и службениот пиштол со кој Б.С. се самоубил пукајќи директно во гради.
Според информации до кои дошла полицијата, полицаецот се самоубил поради љубовни проблеми.