Исламската држава успешно го спроведува планот за инфилтрирање на свои оперативци во европските држави, кои во иднина треба да извршуваат терористички напади. Тоа го тврди поранешниот оперативец на сириската тајна служба кој сега работи за потребите на воената команда на ИСИС. Тој на своите западни колеги им пренел шокантни информации, дека повеќе од 4.000 припадници на ИСИС се веќе стационирани во Европа, од Лисабон до Варшава, од Берлин до Рим и од Атина до Хелсинки.