Компаниите кои поседуваат инфраструктурни објекти добија продолжен рок за легализација . Државата им даде рок до крајот на годината да поденесат барање за легализација на улиците , гасоводите , водоводите, оптичките кабли, ски лифтови, базните станици и други инфраструктурни објекти . Елаборатите пак ќе имаат време да ги изготват до крајот на наредната година. Директорот на катастарот Трпески информираше дека од вкупно 130 000 издадени имотни листови за легализирани објекти, само два се инфарструктурни.