
Македонскиот музичар Емин Џијан со светски познатиот диџеј Дерик Меј деновове одржаа концерт за паметење во Детроит со Детроитскиот симфониски оркестар, еден од најстарите оркестри во САД.
Концертот под диригенство на Џијан и во соработка со продуцентската куќа „Излет мјузик“, беше фузија од електронска и класична музика, фантастични светлосни ефекти, видео и аудио поддршка.