Компаниите ќе плаќаат помали казни. Измените во законот за прекршоци влегоа во собраниска процедура, откако владата на последната седница усогласи 78 закони, и со претходните 28 нивната бројка достигна вкупно 106 закони. Со овие измени, казните за фирмите ќе бидат драстично помали или во просек од 2 до 4 пати. Најголем бенефит ќе имаат помалите, каде намалувањето на казната ќе изнесува од 5 до 7 пати. Ниту една фирма во иднина нема да плаќа казна во полн износ.