Прифатниот центар за регистрација на мигрантите ќе биде поставен надвор од градот, изјави градоначалникот на Гевгелија, Иван Франгов. Тој потенцираше дека преземените кризни мерки го вратија редот и мирот во околината на железничката станица.
На немањето никаква поддршка од Грција, се пожалија од МВР и од Министерството за надворешни работи. И од двете институции потенцираа дека поддршката од Унијата за справување со бранот мигранти е симболична.