
Украинските погранични власти открија илегален цевковод за транспорт на алкохол во Молдавија, јавија украинските власти.
- Погранична патрола при редовна контрола на границата откри цевковод, што иде преку украинската државна граница во правец на местото Дојбани во Молдавија, се наведува во соопштението, пренесува ТАСС.