MENI

За прв пат во Македонија извршена сложена операција на крвните садови на мозокот со ендоваскуларна метода

Наместо на лекување во странство, 6 пациенти со проширување на крвните садови во мозокот, минатата недела биле успешно оперирани на клиниката за радиологија. Интервенцијата е извршена според ендоваскуларна метода која во Македонија за прв пат се изведува со вметнување на пренасочувачи на проток, под надзор на специјалист од Љубљана.

„Со примена на оваа метода се скратуваат деновите на болничко лекување при третманот на ваквите пациенти, кој кај некрваречките траат од 2 до 3 дена. Бенефит од овие интервенции имаат и пациентите“ рече д-р Менка Лазаревска.

Pages