Одбојкарската двојка Косиак/Рудол од Полска триумфираше на шестиот Меѓународен турнир во одбојка на песок „Сателит Скопје 2015“ во машка конкуренција.Турнирот се играше на терените на Градската плажа „Парк“ во Скопје од 19. до 23. август.На второто место се пласираше двојката Коцилианос/Зупанис од Грција, а третото место го освои одбојкарската двојка Коекелкорен/ван Вале од Белгија.