Крстарењата со бродовите во водите на охридското езеро и ова лето атрактивни за туристите .Еднодневните прошетки од другата страна на градот ,забавите и свадбите е она што најчесто се бара од белата флота.
Бродската линија Охрид –Поградец пак на посетителите кои летуваат во регионот им овозможува на неколку часа или на еден ден да ги посетат двата крајезерски града . Агенциите во своите аранжмани и хотелите ги информираат гостите за можноста да се види целото езеро.