Жителите на општина Аеродром добија нов парк во близина на клиниката Мајчин дом. На површина од 3000 метри квадратни паркот нуди пријатен престој за сите генерации. Граѓаните ќе уживаат во ново зеленило, надополнето со големо езеро со фонтани и водопади, пешачки патеки, река и детско игралиште. За неговата изградба општина Аеродром издвои 30 милиони денари.