Собраниската комисија за надзор над работата над тајните служби ги усвои заклучоците за што поскора надзорна посета на Управата за безбедност и контраразузнавање и барање извештај за нејзината работата во 2014-та. Терминот за одржување на средбата ќе биде дополнително утврден.
„Посетата на УБК ќе биде не само придонес за исполнување на една од сугестиите во извештајот на Прибе, туку ќе биде и воспоставување на еден надзорен отчетен однос помеѓу Собранието и оваа институција“ рече пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски.