Облаците од пепел предизвикани од ерупцијата на вулканот Раунг во источна Индонезија, беа причина од четвртокот, па до денеска, да бидат откажани над 900 летови од и кон Бали, познат како еден од најатрактивните туристички центри во светот.