За справување со напливот на мигранти Македонија ќе мора да добие поддршка и солидарност од Европската Унија, порача Државниот Секретар за Европски Прашања на Франција, Арлем Дезир на денешната средба со вицепремиерот Фатмир Бесими.
Дезир подвлече дека Македонија и Србија ќе бидат земјите кои ќе треба да ја прават првичната селекција на мигрантите. Бегалците од воените жаришта ќе треба да бидат пуштани кон Европа, а останатите со помош на ЕУ ќе бидат вратени назад.