Зголемено производство, профит и раст на бројот на вработени овозможија владините мерки за поддршка на домашните компании. Ослободувањето од плаќањето на придонеси и поволните кредити за самовработување се само дел од поволностите за кои домашните бизнисмени велат дека им помогнале да го унапредат својот бизнис. Постојаниот дијалог и комуникација со Владата го даваат позитивниот ефект. Успешен пример е компанијата Даути Комерц која со помош на мерките има вработено над 35 луѓе.