MENI

Во основното училиште во Голема Речица пуштена во употреба нова спортска сала

Седумстотини ученици од основното училиште Прпарими во тетовска Голема Речица од денес ќе можат да ја користата новата спортска сала.  Објектот е еден од 145-те спортски училишни сали кои се предвидени во владиниот проект за подобрување на условите во училиштата. 
 
Како и останатите сали од проектот во објектот ќе може да се играат десетина спортови. 
 
Салата има и 400 седишта, со вкупна површина од 1.300 метри квадратни.

Pages