Младите откако ќе завршат со образованието, прво да прифатат пониско работно место за да се интегрират на пазарот на трудот и на тој начин да стигнаат до позицијата за која учеле, апелираат од агенцијата за вработување. Според нивните анализи 80 отсто од огласите се за технички кадар кој е дефицитарен, зошто голем дел изучуваат општествените науки. Ова е доволен доказ младите кои допрва треба да учат да изберат некое од стрчните училишта.