Со помош од државата ќе се развива живинарството во земјава. Семејни живинарски фарми ќе произведуваат бројлери, а државата ќе одлучи како и каде ќе се продава пилешкото месо и по кои цени. Целта е да се зголеми домашното производство на пилешко месо и да се намали увозот. Министерот Цветков денес информираше дека со 3 милиони евра наредната година ќе се изгради фабрика, која ќе произведува јајца во прав и конзервирани јајца а доколку има потреба ќе се изгради и кланица.