MENI

Падна првата жртва на бегалската криза, полицијата употреби солзавец

Еден маж од Пакистан загина денеска во Унгарија откако паднал на шините кога група од околу 350 мигранти побегнаа од железничката станица во местото Бичке, соопшти унгарската полиција.

Стотици бегалци го пробиле полицискиот кордон на железничката станица во Бичке и почнале да трчаат по пругата кон запад, блокирајќи го движењето на возовите.

Pages