
На граничниот премин Богородица денеска е вистински хаос, километарски колони од автомобили, нервозни и револтирани граѓани чекаат со часови за влез во Грција.
„Чекаме веќе два часа, влегуваат по една две коли и толку. Како што стојат работите може да се случи да окапеме на преминов цел ден“ велат револтирани граѓани кои решиле за празникот да заминат за Грција.