MENI

Докторска грешка: Ја заразиле со СИДА во болница - Добила оштета од 800.000 евра

25 годишна Гркинка ќе добие оштета од 800 илјади евра поради инфекција со ХИВ вирусот при трансфузија во болница во Солун, јави БТА.

На 1 септември 2005 година жената примила крв од случаен крводарител, кој бил заразен со ХИВ вирусот. Тој дарувал крв првпат во животот. Освен девојката од истата крв добил и 76-годишен маж по извршена срцева операција.

Pages