Виновен е - Ова е пресудата на велешкиот суд за Зоран Димовски кој беше обвинет за убиство на 90 годишниот Јован Цилаков. Доби казна затвор во траење од осум години. Во текот на судскиот процес, Димовски негираше дека го убил старецот. На 17 јули минатата година беше убиен Цилаков во дворот на гимназијата. Усмртен бил со повеќе удари со камен по главата, лицето и градите. Во пресудата на Велешкиот суд се вели дека Димовски минувајќи низ паркот го забележал старецот како уринира па му замерил на постапка. Поради ова Цилаков го удрил со бастунот.