
Грција нема да ги реши економските проблеми со излегување од еврозоната, и во тој случај штетите за нејзината економија само ќе се зголемат, изјави Оливие Бланшар, главен економист во ММФ.
- Ние се надеваме дека Грција ќе остане во еврозоната. Ако ја напушти, Грција ќе настрада уште повеќе, нагласи Бланшар.