
Од 8:30 до 14:30 часот утре без електрична енергија ќе бидат дел од жителите од село Љуботен, општина Бутел.
Во периодот од 9 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците лоцирани на улицата „171“ во населбата Крњево, општина Центар. Од 12 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Јордан Мијалков“ во општина Центар.