
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на отворање на новиот производен капацитет на компанијата „АСП – ПАК“ ДООЕЛ во Општина Охрид.
Предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.
Компанијата е основана во 2000 година и започнала со green-field инвестиција во опрема за производство на плетени производи од полиетилен за пакување земјоделски производи.