Мајкрософт од вчера попладне се соочува со голем глобален прекин на своите услуги од пакетот Мајкрософт 365. Од компанијата велат дека обидите за решавање на проблемот не се одвиваат според очекувањата. Милиони корисници, од поединци, до компании, судови, банки и државни институции во Европа, Америка и Азија пријавија потешкотии со пристапот и користењето на Аутлук, Тимс, Шерпоинт и Копилот. Проблеми има во најмалку 74 земји.