Масовна шверцерска шема на цигарие разбиена во обемна полициска акција, откако околу 70 милиони парчиња нелегални цигари завршиле во промет во Македонија, нанесувајќи му штета на државниот буџет од над шест милиони евра. Според директорот на Царинската управа, ваква крупна акција за спречување шверц на цигари не е забележана од осамостојувањето на државата. Меѓународниот канал функционирал со директна помош од внатре, возилата на транспортните компании поминувале преку граничните премини со асистенција на потплатени цариници и полицајци.